Групна тужба против компанијата „АстраЗенека“ поради „неисправна“ вакцина

Поднесена е колективна тужба против фармацевтската компанија „АстраЗенека“ во Велика Британија. Во неа се тврди дека нејзините вакцини „Ковид-19“ предизвикале сериозна болест или смрт.

Во тужбата, поднесена според Законот за заштита на потрошувачите на Обединетото Кралство, се вели дека вакцината е „неисправна“ бидејќи е помалку безбедна отколку што луѓето имале право да очекуваат, јавува Би-Би-Си.

АстраЗенека ги негира овие тврдења, но во судскиот документ поднесен до Високиот суд на Англија во февруари призна дека нејзината вакцина против коронавирусот „може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“, односно тромбоза со синдром на тромбоцитопенија.

Во колективна тужба фармацевтската компанија се соочува со бројни наводи поврзани со нејзината вакцина против коронавирус.

Некои од барателите на обештетување тврдат дека им починале нивни роднини, а други дека вакцината предизвикала сериозни болести.

Студиите, сепак, покажуваат дека вакцините против Ковид-19, вклучително и на АстраЗенека, спасиле милиони животи.

Првото обвинение беше изнесено минатата година од татко на две деца, Џејми Скот, кој доби згрутчување на крвта што предизвика оштетување на мозокот и не можеше да работи откако ја прими вакцината во април 2021 година.

Претходна вестЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
Следна вестИ „најмртвата“ свадба сум ја правел највесела