Елмас за 25 милиони евра од Наполи се сели во Лајпциг

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас пд 1-ви јануари ќе отвори ново поглавје во својата успешна кариерата. Имено 24-годишникот го договорил трансферот во германскиот клуб Лајпциг.

Како што пренесува Макфакс и минатото лето Германците покажале интерес за македонскиот репрезентативец, ама ете трансферот успеаја да го реализираат шест месеци подоцна.

За потсетување, Елмас во 2019 година се пресели во Наполи. Италијанскиот клуб тогаш на Фенербахче му плати речиси 16 милиони евра. За Наполитанците одигра 185 натпревари, постигна 19 голови. Македонскиот фудбалер со Наполи минатата сезона стана шампион на Италија. Беше трет стрелец на тимот и една од ѕвездите.

Според информациите, Елмас потпишал договор со Лајпциг до јуни 2028 година. Наполи од трансферот ќе инкасира 25 милиони евра. Фиксниот дел изнесува 24 милиони евра, а останатиот милион Наполи ќе може да го добие преку бонусите.

Ова е рекорден трансфер на македонски фудбалер. Елмас го држеше и претходниот рекорд кога од Фенербахче се пресели во Наполи.

Македонскиот репрезентативец во последно време беше фрустриран поради недостигот на минутажа во Наполи, како кај претходниот тренер Руди Гарсија, така и кај Валтер Мацари.

Претходна вестТрамп по одлуката на судот дека не може да се кандидира: Непријателот сака да ви ја одземе слободата
Следна вестСи: Поставени се цврсти темели во односите меѓу Кина и Русија