Миовски стрела прецизно, Абердин победува

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец, постигна два гола за Абердин на мечот против Ливингстон (2:1) во16-то коло од шкотската Премиер лига. Малку недостигаше тој да постигне и хет-трик, но голманот на гостите спаси сигурен гол..

Миовски стигна до бројката од 14 гола сезонава за Абердин кој се искачи на осмата позиција на табелата со 19 бода.

По мечот во шкотските медиуми повторно се шпекулира за можниот јануарски трансфер на Миовски во Селтик. Но, менаџерот на Абердин Бери Робсон го предупредува претседателот на клубот, Дејв Кормак дека не смее да се дозволи тој да си замине

– Миовски постигна два одлични гола и веројатно можеше да постигне уште неколку. Тој може уште повеќе, навистина добро му оди. Тој ужива во начинот на кој играме во транзиција. Сакаме да остане со нас што е можно подолго, изјави Робсон.

Пофални зборови за Миовски имаше и менаџерот на Ливингстон.

– Му дадовме премногу простор на Миовски во шеснаесетникот. Но, морам да забележам дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Мислам дека е класа, изјави Дејвид Мартиндејл.

Претходна вестПронајдени бесправно исечени огревни дрва во Ресенско
Следна вестПоранешниот директор на Онкологија Васев ослободен од обвинение за несовесно работење