Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во Ресенско

Вчера, полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални шуми“ од Ресен го привеле Н. К. (44) од Ресен. При контрола на негов имот во с. Прелубје, Ресенско, во 14.40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат.

Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“ – Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н. К. ќе следува соодветна пријава.
Претходна вестЛевица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци”
Следна вестМиовски стрела прецизно, Абердин победува