Поранешниот директор на Онкологија Васев ослободен од обвинение за несовесно работење

Ослободени од обвинение за несовесно работење во службата се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, како и двајца доктори Игор Стојковски и Марија Симоновски. Ваква пресуда денеска донел Основниот кривичен суд Скопје  по кривичната пријава што ја поднело семејството на еден починат пациент во 2018-та година.

Судијката Славица Наумовски денеска соопшти дека тие се ослободени бидејќи во текот на постапкаѕа не се докажало делото што им се става на товар.

– Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот, изјави судијката Наумовска.

Васев не беше во судницата, а по изрекнувањето на пресудата обвинителката Лидија Раичевиќ најави жалба.

– Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија. Пациентите имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.

Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.

Според обвинението, Васев  како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019

Претходна вестМиовски стрела прецизно, Абердин победува
Следна вестМалолетник од Косово, ѝ се заканувал на 18-годишна тетовка дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии