Македонија остана на 65-та позиција на ранг листата на ФИФА

На најновата, декемвриска ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Македонија остана на 65-та позиција, со идентични 1.362,17 поени, како и во ноември. На листата немаше поголеми промени со оглед на фактот дека во последните 30-на дена беа одиграни само 10-на натпревари.

Кога станува збор за земјите од поранешна СФР Југославија и од соседството поредокот е следен. Хрватска е 10-та, (1.717.57) Србија е 34-та (1.517,43), Грција 47-ма (1.453,95), Словенија 54-та (1.427,1), Албанија 62-ра (1.382,69), БиХ 69-та (1.343,32), Црна Гора 70-та (1.342,64), Бугарија 81-ва (1.289,9), Косово 101-во(1.202,77) итн.

На првата позиција е светскиот шампион Аргентина со 1.855,20 поени, на втората е светскиот вицепрвак Франција со 1.845,44, а на третата европскиот вицепрвак, Англија со1.800,05 поени.

Претходна вестНовинари на „Топ канал“ од Албанија купиле потврда за бугарско потекло за 100 евра
Следна вестСингапур и Цирих се најскапите градови во светот