Потврдено, Елмас од Наполи се сели во Бундеслигата, во Лајпциг

Елмас од Наполи се сели во Бундеслигата, во Лајпциг Извршниот директор на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека е договорен трансферот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во германскиот Лајпциг за сума од 25 милиони евра. Медицинските прегледи се очекува да завршат во наредните неколку дена по што договорот ќе се официјализира.

Веќе се утврдени и личните услови меѓу Елмас и тимот од Бундес лигата. Елмас дојде во Наполи во 2019 година од турскиот Фенербахче за 18 милиони евра, но не успеа целосно да ги покаже своите квалитети.

Работите почнаа да се подобруваат со доаѓањето на новиот тренер Валтер Мацари, на местото на Руди Гарсија, но потоа Елмас се повреди и моментално е во фаза на рехабилитација.. Елмас има одиграно 52 натпревари за Македонија и има постигнато 12 гола.

Претходна вестДа почекаме, Владата ќе работи по насоки на експерти за патот Кичево – Охрид
Следна вестРаководителите на државните институции ќе решаваат за нови вработувања, дали годишните планови се доволна заштита од злоупотребите?