Скопје утрово десетти најзагаден град во светот, воздухот е нездрав за дишење

Скопје утрово се најде на 10-то место по загаденост во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Iqair.com.цом која прибира податоци од целиот свет.

Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките. Советот до граѓаните е да носат маски кога излегуваат надвор, да не прават физички активности надвор од домовите и да си ги држат затворени прозорци во своите живеалишта.

На 11-то место се најде Белград, на 14-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје.

Претходна вестМажот кој беше заглавен 4 дена од снегот во викендичка во кавадаречко е спасен
Следна вестТрамп по одлуката на судот дека не може да се кандидира: Непријателот сака да ви ја одземе слободата