Во Шпанија уапсен шефот на албанската мафија, апсен бил и во Македонија

Озлогласениот шеф на големата криминална организација е уапсен од шпанската Национална полиција, објавија локалните медиуми. Тој бил уапсен по длабинска истрага на шпанската полиција и соработката на мрежата ЕНФАСТА – Европска мрежа на тимови за пребарување на бегалци.

Криминалната група на Љуљзим Б. се вика Драч, според името на градот во Албанија. Групата е поврзана со десетици убиства од 1998 година. Љуљзим Б. почнал да се занимава со криминал во раните 90-ти.

Неговата организација, позната по контрола над трговијата со кокаин и оружје во Албанија, била доминантна сила во регионот. Со апсењето се затвора нерасчистеното убиство на две лица кои биле застрелани во албански град во 2005 година. Се верува дека ова злосторство е резултат на насилна пресметка меѓу ривалски кланови, пишува „Јуроуикли њуз“.

Љуљзим Б. беше уапсен во април 2006 година во Македонија. Во 2016 година мораше да го напушти затворот поради здравствени причини. Тој го напушти затворот без да ја отслужи казната од 25 години, откако албанскиот суд му ја укина доживотната казна.

Во 2012 година албанскиот суд им изрече тешки казни на членовите на криминалната група на Љуљзим Б. Шеснаесет од нив добија доживотен затвор, а останатите добија вкупно 267 години за кривични дела, вклучувајќи убиство, изнуда и киднапирање. Албанските власти ја истакнаа важноста на ова апсење во својата борба против организираниот криминал.

Првичната истрага ја одведе полицијата до шпанскиот брег на Левантин. По неколкунеделно прецизно следење, полицијата го идентификувала станот во Сан Хуан де Аликанте како скривалиште на албанскиот бегалец.

Националната гарда следела и друг член на организацијата на Љуљзим, кој бил фатен додека сакал да го премести својот шеф. Апсењето претставува победа во меѓународните напори за спроведување на законот против организираниот криминал, наведе Јуроуикли њуз.

Претходна вестМилошоски за oбраќањето на Пендаровски: Празен говор полн со флоскули наменети претежно за СДСМ
Следна вестЗасилени инспекциски контроли на храната пред празниците, во фокусот новогодишните пакетчиња