Исчезнатото момче од Струмица на 6 декември влегло во Бугарија

29-годишниот струмичанец Марко Давчев по кој една недела полицијата трага на 6 декември влегол во Бугарија. Како што информираат од СВР Струмица во ова земја живее неговата мајка.

-Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, го пренесуваат некои медиуми соопштението на СВР Струмица.

Првично, од МВР потврдија дека момчето било пријавено за исчезнато на 9-ти декември, било со нарушено здравје и се преземале мерки за негово пронаоѓање.

Претходна вестСашко Кедев: На врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“ се отвораат нови перспективи за животот
Следна вестНаправена кацига која може да чита мисли