Направена кацига која може да чита мисли

Научниците направиле прв модел на кацигакој може да чита мисли, односно мозочните бранови да ги претвора во текст, и го нарекле „DeWave“. Оваа технологија функционира со помош на кацига на која се наоѓаат сензори, а која детектира специфични електронски активности на мозокот и потоа ги претвора во зборови.

За овој подвиг заслужни се научниците од Технолошкиот универзитет во Сиднеј, кои велат дека се надеваат дека ова ќе биде пресвртница кога станува збор за грижата за оние кои останале неми.

Тимот верува дека со понатамошно унапредување на оваа технологија ќе може да се дојде до момент кога ќе биде полесно да се контролираат бионички екстремитети или роботи, односно дека луѓето ќе можат да управуваат со нив само преку мисли.

Во експериментот кој воедно послужил и како демонстрација учествувале 29 лица.

Моментално, тимот од научници вели дека точноста на „преведување“ е околу 40 проценти, но уверени се дека за некое време би можеле да достигнат неверојатни 90 проценти точност.

Претходна вестИсчезнатото момче од Струмица на 6 декември влегло во Бугарија
Следна вестКовачевски не се предава, бара решение како нему и на другите функционери да им се намали платата