Патиштата на подрачјето на Македонија утринава се проодни, а има само две забрани за тешки товарни возила, информира утринава Авто мото сојуз на Македонија.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Маврови Анови и Струмица – Берово, се наведува во информацијата објавена на нивната интернет-страница.
Се додава дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.