СДСМ и ДУИ ќе му овозможат на „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони евра на сметка од зеленилото од Карпош, а градоначалникот Јакимовски е само нивни изведувач, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Карпошани наместо урбано и хумано живеење ќе добијат бетонизација, тврдат од партијата.
– СДС и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони. Стевчо Јакимовски, додаваат од оваа партија е изведувач за СДС и ДУИ, тој неуморно се бори за бизнисот фирмата блиска до власта. Карпошани со СДС и ДУИ кои го држат Јакимовски добија бетонизација, наместо урбано и хумано живеење. Една од најзелените населби во Скопје со СДС и ДУИ се претвора во бетонска џунгла. Со ДУП-от кај Алумина ќе се отежни протокот на луѓе и возила, ќе се зголеми метежот, ќе нема доволно нови паркинг места“, оценуваат од партијата на Мицкоски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека со планот на СДС и ДУИ туркан од Јакимовски Карпош би доживеал колапс, затоа ВМРО-ДПМНЕ го блокираше ДУП-от, кој е чист бизнис интерес на власта.