Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.Н. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, извести МВР.
-На 29.11.2023, пријавениот вознемирувал женско лице со кое претходно бил во врска, по што и физички ја нападнал пред продажниот објект каде работела“, соопшти МВР.