Украдено возило во Битола, подоцна било пронајдено од полицијата и вратено на сопственикот.
Синоќа околу 22 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа патничкото моторно возило марка „Фиат добло“, за кое истиот ден во 17.20 часот сопственикот Д.И. (60) пријавил дека му било одземено, соопштуваат од МВР.
Возилото му е вратено на сопственикот.