Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

100

Четири лица се здобиле со потешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром.

Патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока десетина метри.

Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Полициската станица од Кочани

Претходна вестПолицијата пронајде украдено возило и го врати на сопственикот
Следна вестПриведени жители на Долно Косоврасти за нелегален ископ на песок