Четириесет и едногодишна гостиварка вчера пријавила дека од А.С. од Гостивар купила двособен стан, по што од него ги добила клучевите за станот. Tаа му ја платила договорената сума, но по извесно време кај пријавителката дошле неколку други лица и и кажале дека станот не е сопственост на лицето што претходно и го продало и сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.