Четири лица се пресметале во скопско Рашче. Во инцидентот двајца малолетници се повредени со нож.
– На 14.01.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со остар предмет им нанел повреди на двајца малолетници, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.