Седум мигранти од Сирија пронајдени во струмичко, криумчарот приведен

30 годишник од струмичко се обидел да прокриумчари мигранти од Сирија. Тој бил уапсен синоќа во селото Костурино од страна на полициски службеници од станицата за граничен надзор и проверки Стар Дојран.

– Вчера околу 19 и 30 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувало триесет годишното лице било запрено, а при преглед во него се пронајдени седум лица мигранти од Сирија, информираат од МВР.

Возачот е приведен, а за настанот известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЕвропскиот суд за човекови права пресуди: Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор за 27 април
Следна вестУченици во Германија бараат од нивното училиште да го воведе шеријатот