Грчки товарен брод е нападнат во Црвеното Море на пат кон Суецкиот канал, соопштија грчките и британските власти. Бродот, кој плови под малтешко знаме, е оштетен, но можел да продолжи по својата оригинална рута кон Суецкиот канал.
За инцидентот, преку социјалната медиумска платформа Х, прва јави Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО), која ги надгледува водите на Блискиот Исток.