Пензионер добил пари во казино па го ограбиле

Пензионер бил ограбен пред казино во Прилеп. Одземените пари претходно ги добил при игра на апаратите.

– На 15.01.2024 во 15.30 часот во ОВР Прилеп, С.С.(72)од с.Ропотово, прилепско, пријавил дека околу 13.40 часот во казино во Прилеп му биле одземени пари кои претходно ги добил при игра на апаратите во казиното, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестНападнат грчки брод во Црвеното Море, било пукано кон екипажот
Следна вестСкопјанец натепан од возач на автобус на ЈСП