Кривична против двајца скопјани, истепале полицајци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 60-годишниот В.Ф. и 28-годишниот О.Ф., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
-На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со булевар „Словенија“ во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници, соопшти МВР.