Особено задоволство ни е да ве поканиме на првиот концерт на Националниот џез оркестар кој ќе се одржи на 23 јануари во салатa на НОБ, со почеток од 20 часот. Со овој концерт свечено ќе го одбележиме почетокот, односно продолжувањето на нашата работа, но овој пат како Национален џез оркестар стои во објавата на Националниот џез оркестар.
Тие посочуваат дека на програмата ќе бидат композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации и ветуваат уште еден незаборавен концерт.