Запрена е постапката за утврдување на одговорноста на претседателката на Врховен суд Беса Адеми. Ваква одлука на денешната седница на Судскиот совет беше изгласана со седум гласа за запирање и четири гласа против.
Барањето за утврдување на одговорноста беше предложено од членот на Советот, Миљазим Мустафа. Тој обвини дека со нејзиното неприсуство на седници ја нарушила работата на Судскиот совет, иако таа нема право на глас, бидејќи е член по функција. Мустафа ја напушти денешната седница бидејќи како подносител кој на Адеми дури и се закани со затвор на неодамнешната расправа, немаше право да гласа.
Тања Чачарова-Илиевска претходно побара извештајот на комисијата да се врати на доработка, но немаше доволно гласови „за“.
Претходниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев во расправата рече дека по укажувањата на Оценската мисија дека на претседателката на Врховниот суд и на министерот за правда не им е место во ова тело, беспредметни станале расправиите дали Адеми тсуствувала оправдано од седниците или не.
Поратлот А10н.мк објави дека претседателката на Советот, Весна Дамева пред гласањето изјавиле дека кај неа се зацврстил ставот дека не се сторени повредите.
-Отсуствата на претседателката на Врховниот суд се оправдани, а оправдани се затоа што ние сме го оправдале тоа. Ние на самите записници потврдуваме дека е оправдано отсутна заради конференции и така натаму. Во периодот наназад и тоа какви успеси има Врховниот суд. Јас се гордеам со нејзините успеси во Врховниот суд. Ниту едно нејзино отсуство не предизвикало потреба за одложување на седницата. Се работи за член по функција, нема право на глас, нема штета врз Судскиот совет, рече Дамева.