Никогаш не било полошо во економијата – растот на БДП по глава на жител за 6 години двојно понизок од земјите во регионот, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија наведува дека од 2017 до 2023 година БДП по глава на жител во Македонија пораснал за само 20 отсто, додека во БИХ пораснал за 42 проценти, а во Србија, Албанија и Црна Гора за над 50 отсто.
-Македонија со СДС за 6 години заостана зад сите земји во регионот, нема развој, нема инвестиции, има само нови долгови. Од 2017 до денес јавниот долг е зголемен за над 70 проценти, а притоа има нула реализација на капитални проекти, и 600.000 луѓе живеат на раб на сиромаштија. Каде завршија милијарди народни пари? Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.