Според СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ предложени слаби кадри за техничката влада

За техничката влада од ДПМНЕ понудени се слаби и нестручни кадри, меѓу нив лични пријатели на Мицкоски, кадри од времето на режимот на Груевски, поранешни функционери во град Скопје, но и кадар со кривична пријава за злоупотреба на службената должност, реагира денеска СДСМ.

Владеачаката партија наведува дека секој предложен кадар е несоодветен.

– Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум. Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен. Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада. Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра. Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност, се наведува во реакцијата.

Се додава дека ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не било полошо во економијата
Следна вестТешко повредена 77-годишна велосипедистка