Тешко повредена 77-годишна велосипедистка

Вчера наутро повозрасан велосипедистка била прегазена на една скопска улица, информира полицијата.

– На 26.01.2024 во 08.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Лазар Личеновски“ патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(58) од Скопје, удрило во велосипед управуван од С.Р.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСпоред СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ предложени слаби кадри за техничката влада
Следна вестТројца граѓани искасани од кучиња во Чаир, Гази Баба и Ѓорче Петров