Тројца граѓани искасани од кучиња во Чаир, Гази Баба и Ѓорче Петров

Три лица вчера биле искасани од улични кучиња во Скопје, соопшти полицијата.

-На 26.01.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Бит Пазар А.Ј.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Втора Македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба С.И.(36) од с.Јурумлери-скопско, пријавила дека на ул.„Жан Жорес“ во Скопје била касната од куче скитник.Вечрета во 18.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров З.К.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник, се наведува во информацијата на МВР.

Претходна вестТешко повредена 77-годишна велосипедистка
Следна вестПисателите не избраа претседател, немаше кворум