Собранието со 65 гласа „за“ и тројца „против“ по денешната двочасовна расправа ја изгласа техничката влада. На седница присуствуваа 111 пратеници, а за изборот беше доволно просто мнозинство од вкупниот број на 120 пратеници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласање на техничката влада. Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.
Во составот на преодната влада прв заменик – премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања да биде Бојан Маричиќ. Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика. На досегашните места си остануваат министрите за правда, надворешни работи, финансии, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, озбразование, локална самоуправа, култура, информатичко општество и администрација, транспорт и врски и животна средина.
СДСМ го предложи Митко Бојмацалиев за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а досегашната министерка Јованка Тренчевска ќе биде дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика.
ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик министер за финансии ја предложи Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај. Две недели претходно ќе се одржат претседателските избори. Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.
Ова е трета преодна или техничка влада од 2016 година наваму. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, додека во 2020 година беше Оливер Спасовски.