Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настан во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје. Дадени се насоки за постапување, информираат од Обвинителство.
На социјалните медиуми беше објавена видеоснимка од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.
Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 9-ти февруари во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.