ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните  исправи, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија во соопштението наведува дека првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име.

-Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки. Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи? Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?, потенцирата од оваа партија.

Се додава дека Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

-Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци? Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира. Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС. Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, наведуваат од партијата.

Претходна вестДевојчиња физички нападнале друго девојче во Скопје, oбвинителството постапува за случајот
Следна вестСДСМ: Не треба да се казнуваат граѓаните со непроменети возачки дозволи