Девојчиња физички нападнале друго девојче во Скопје, oбвинителството постапува за случајот

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настан во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје. Дадени се насоки за постапување, информираат од Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавена видеоснимка од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.

Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 9-ти февруари во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Претходна вестНаташа Андонова постигна гол, па пренесена во болница поради удар во лицето
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци