Џафери: Можните решенија за возачките дозволи и за патните исправи ќе ги дефинираме преку закон и преку одлука на Влада

Ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор, најави денеска техничкиот премиер Талат Џафер. За време на престојот во тетовското Селце тој објасни дека можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.

– Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Секако, веќе е искоординирано е да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности. Работиме на тоа и ќе има соодветна одлука и решение за прашањето коешто се актуелно, истакна Талат Џафери во одговорот на новинарските прашања.

Според процените на Џафери, ќе се согледаат сите аспекти и во зависност од можностите ќе се употребат решенија.

– Треба да ги согледаме сите аспекти. Таму кај што е можно продолжение на рокот да се продолжи, таму кај што има потреба од друг вид на одлука и решение да се спроведат други одлуки, рече Џафери.

Претходна вестСпортската јавност во светот тагува: Во сообраќајна несреќа загина најдобриот светски маратонец
Следна вестПрифатете ја Србија во ЕУ што е можно побргу или ќе ја изгубиме, порача Орбан