Прифатете ја Србија во ЕУ што е можно побргу или ќе ја изгубиме, порача Орбан

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан во своето последно излагање се осврна на Србија и нејзиното патешествие на патот кон Европската Унија. Тој изјави дека Србија треба што побргу да стане членка на ЕУ бидејќи во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја загуби таа земја.

-Треба да ја завршиме старата задача поврзана со проширувањето пред да почнеме со новото проширување со Украина. Ако Србија не ја интегрираме што побргу, ќе ја изгубиме. Србија има други варијанти. Само што склучи договор за слободна трговија со Кина, кажал Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е приоритет за Будимпешта за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ, кое почнува на 1 јули, пишува „Ди Пресе“.

Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора имаат официјален статус на кандидати за членство во ЕУ.

Брисел врши притисок врз Србија за да ја принуди да се согласи и со кандидатскиот статус на Косово, потсетува „Спутник“, пренесува српска телевизија.

Претходна вестЏафери: Можните решенија за возачките дозволи и за патните исправи ќе ги дефинираме преку закон и преку одлука на Влада
Следна вестПоскапуваат горивата, ова се новите цени