Поголеми делови од карпи и камења во близина на селото Истибања утрово предизвикаа опасност за возачите и направија проблем во функционирањето на сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.
-Повторно има големи карпи на патот и тоа се случува секогаш кога врне или има снег. Тоа е потенцијална опасност која треба посериозно да се реши, а не само да се тргнат карпите, ни напиша македонски граѓанин праќајки ни фотографии од одроните.
Од „Македонија пат“ информираа дека нивни екипи со механизација веќе се упатени кон месноста Драките каде се наоѓаат одроните, се со цел истите да бидат отстранети.
– Се работи за поголеми карпи на терен кој е подложен на одрони и каде во минатото имаше и поголеми такви карпи, заради што возачите секогаш претпазливо се движат на оваа релација. Во очекување сме расчистувањето да заврши бргу и сообраќајот повторно да се одвива без проблеми по двете коловозни ленти, соопштувата од ова државно претпријатие.
Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината пред самата делница.
Но дали апелот е доволен? Дали оваа делница не треба малку посериозно да се заштити од одроните кои се чести? Воедно и патот да се прошири?
Овој патен правец кој е главна врска кон Пијанечкиот и Малешевскиот крај веќе со години е во лоша состојба. Особено кога времето е врнежливо долж патот често демне ризикот од ридовните на автомобилите да паднат земја и камења. Така е со децении, практично уште од времето кога во шеесетите години од минатиот век била направена патната делница меѓу Кочани – Македонска Каменица и Делчево.
Кога тоа ќе се премавне? Кога овој дел од Македонија ќе добие подобар и побезбеден пат?
Инаку, опасноста не е врзана само за овој регионален пат. Одрони демнат и на делницата од Виница – Пехчево и Берово. Не се реткост ниту сообраќајни несреќи.
Зарем овие краишта на Македонија уште ќе се заборавени кога е во прашање патната инфраструктура? Зарем власта таму ќе отиде само во предизборие за да бара гласови?