Опијте се, ама од љубов! Порачува РСБСП за возењето за време на празникот на љубовта и виното

Според податоците на МВР бројот на сообраќајни несреќи во земјава бележи намалување во однос на претходните години.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.

– Празниците се одличен повод за споделување среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата. Затоа РСБСП советува: доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол. Доколку консумирате алкохол – користете јавен превоз или повикајте такси превоз. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот. Возете со СРЦЕ! Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата. Ако го славите Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорно однесување. Честит празник на љубовта и виното! Возете безбедно, се вели во соопштението на РСБСП.

Претходна вестВучиќ: Имаме пари да купиме дел од пристаништата во Солун и во Пиерија
Следна вестЧестите одрони на патот Делчево – Кочани не ли се аларм за власта?