Две третини од возачите во В. Британија не сакаат електричен автомобил

Според истражувањето спроведено од Refused Car Finance, дури 66 % од британските возачи немаат намера да купат електричен автомобил. Треба да се напомене дека се работи за возачи кои се уште немале електричен автомобил, односно немаат лично искуство со ваков тип на возење, но сепак огромното мнозинство немаат намера да го стекнат тоа искуство, пренесуваат специјализираните портали.

Иако електричните автомобили силно се промовираат како подобро решение за животната средина, пониски трошоци за сопственост и поголема ефикасност, се чини дека тоа сепак не е доволно за возачите да одлучат да се префрлат на „зелената“ страна.

Главните причини против купувањето за оваа група возачи се високата цена на електричните возила, досегот и достапноста на станиците за полнење.
Околу 61% од анкетираните возачи биле загрижени за опсегот на електричните возила, односно времето на полнење кое е подолго од времето на возење.

На прашањето за просечниот опсег на модерните електрични автомобили, 40% одговориле помеѓу 300 и 400 km, што е прилично точно.

Иако има повеќе од 53.000 јавни точки за полнење достапни во В. Британија, многу возачи сè уште не се убедени дека тоа е доволно.

Сепак, владата има за цел до 2030 година да има 300.000 полначи, па можеби ќе го сменат својот став.
Од друга страна, 66,7% од возачите кои поседувале електричен автомобил изјавиле дека се задоволни и дека враќањето на дизелот или бензинот не е опција.

Според нивното мислење, најголемата продажна точка на електричните возила се ниските оперативни трошоци, нула емисија на штетни гасови и подоброто возачко искуство.

Претходна вестРистовски по победата над Бетис: Покажавме што значи Динамо за хрватскиот фудбал
Следна вестАмнестијата за 2001 не е исклесана во камен, ама грбовите на мавровските работници беа изрежани со нож