Ристовски по победата над Бетис: Покажавме што значи Динамо за хрватскиот фудбал

Динамо мина низ бурен период на домашна и интернационална сцена и со низа разочарувачки резултати влезе како апсолутен аутсајдер во пресметката со Бетис, но хрватскиот великан уште еднаш покажа дека знае да игра со големи екипи како Бетис. „Модрите“ успеаја да го неутрализираат великанот од Андалузија и на крајот остварија победа со гол постигнат од пенал, па сега наредната седмица ќе тргнат со позитива од 1:0.

Стефан Ристовски одигра цел меч на „Бенито Вилјамарин“ и во завршницата ја носеше и капитенската лента, а по големата победа, не го криеше задоволството и сатисфакцијата од прикажаното светло.

– Ова е победа за навивачите. Драго ми е што покажавме карактер кога беше најтешко. На половина пат сме, мора да одиграме паметно уште 90 минути. Одлично одигравме, бевме цврсти, прекинувавме контранапади на Бетис. Имавме доста шанси, а ете дадовме гол од пенал. Динамо со години игра во Европа, тие работи кај нас малку се ценат, и се забораваат. Мило ми е што покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал. Ќе продолжиме да молчиме и да работиме, изјави Ристовски.

Претходна вестМицкоски ветува: Скопје ќе има нов клинички центар
Следна вестДве третини од возачите во В. Британија не сакаат електричен автомобил