Митревски со осум одбрани во мечот против Веспрем

Ракометарите на Порто претрпеа висок пораз во рамките од 11 коло во ЕХФ Лигата на шампионите. Португалците дома беа совладани од унгарскиот Веспрем со конечен резултат 40:26, а на паузата беше 21:11.

Во победничките редови доминираше Омар кој шест пати се запиша во листата на стрелците. На спротивната страна пет погодоци забележа Алонсо.

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски во домашниот состав собра осум интервенции.

Моментно на табелата во групата „Б“ по 11 кола води Барса со 20 бодови, пред Магдебург со 18, Веспрем има 16, следуваат Монпеље со 12 и ГОГ со 10. По шест имаат Висла Плоцк и Порто, а ниту еден Целје Пивоварна Лашко.

Порто кој и натаму има шанса да дојде барем до шестото место кое води во плеј-офот ќе игра уште против Барса на гости, па ќе го пречека Целје и на 7 март ќе гостува кај полската Висла.

Претходна вестКосово одбележува 16-годишнина од независноста, Белград со коментар
Следна вестСо повеќе од 20 милиони туристи, Истанбул е најпосетениот град за 2023