МЗТ ја продолжува жетвата на трофеи: Во трилерот во Битола до нов куп-пехар

Во исклучително драматичен натпревар МЗТ Скопје со кош во последните секунди го победи Пелистер со 62-60 и го освои трофејот од Купот на Македонија.

МЗТ Скопје по 12. пат го освои Купот на Македонија, навивачите во Битола останаа разочарани и во шок од крајот на мечот кој беше тажен за Пелистер.

Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, Пелистер не успеа да реализира во последниот напад и радоста на МЗТ Скопје можеше да почне.

Првата четвртина беше тврда, со малку поени, неа ја доби МЗТ Скопје со 13-9, но потоа возвратија пелистерци и на одморот заминаа со предност од 36-31.

Во вториот дел дуелот повторно беше неизвесен, Пелистер најчесто водеше, но завршницата му припадна на МЗТ Скопје кој на крајот во вистинска драма дојде до победата.

Дамјан Робев со 13 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Танасковиќ постигна 12, Ворку 11 поени. Кај Пелистер Костовски беше најдобар со 15 поени.

Ова за МЗТ Скопје беше 12. трофеј во Купот на Македонија, а Пелистер и во второто финале остана со празни раце.

Претходна вестУтре без вода дел од центарот на Скопје
Следна вестВремето денес: Сончево со умерена облачност