Трифун Костовски промовира книга за неговата битка за стечајот на Еуростандард банка

Бизнисменот Трифун Костовски синоќа ја промовираше неговата нова книга ,,Мојот непокор”, која е претставена како збирка колумни посветени на неговата битка за стечајот на Еуростандард банка. Настанот се одржал во Музејот на македонската борба, а промотор бил професорот Венко Андоновски.

По завршувањето на промоцијата следел коктел и потпишување на книгата, и многумина од присутните објавија фотографии од настанот со пофални зборови за автобиографското дело на Костовски.

За потсетување, Трифун Костовски беше акционер и поранешен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка.

Откако во август 2020 година Народната банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка и побара од Основниот граѓански суд да отвори стечај, тој излезе на прес конференција и кажа дека неговото семејство има загуба од 60-70 милиони евра од пропаѓањето на банката.

Претходна вестОд полноќ повторно се зголемуваат цените на горивата во Македонија
Следна вестАмбасадорите на Османи работат против националните интереси на Македонија и покажуваат базична неписменост, велат од Левица