Индиец сакал да направи селфи со лав во зоолошка, животното скокнало и го убило

Маж во Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина за да направи селфи со лав, по што животното скокнало и го убило.

38-годишниот Прахлад Гуџар вчера влегол во живеалиштето на лавот во зоолошката градина Шри Венкатесвара во државата Андра Прадеш и ги игнорирал предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното.

Лавот го нападнал Гуџар пред чуварот да се обиде да го спречи инцидентот.

Сега властите вршат обдукција на 38-годишникот за да утврдат дали во тој момент бил под дејство на алкохол. Во зоолошката градина има три лава: Донгалпур, Кумар и Сундари.

Претходна вестВо Урошевац пронајден мртов македонски државјанин
Следна вестМицкоски ветува: Скопје ќе има нов клинички центар