Во Урошевац пронајден мртов македонски државјанин

Жална вест доаѓа од соседно Косово. Маж на 61-годишна возраст, државјанин на Македонија, е пронајден мртов во мотел во областа на градот Урошевац, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на полицијата, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено вчера околу 16:35 часот, а смртта е констатирана од лекарски тим.

Весели рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“.

Претходна вестЦУК: Нема активни пожари на отворено, сите седум пријавени биле изгаснати
Следна вестИндиец сакал да направи селфи со лав во зоолошка, животното скокнало и го убило