44-годишен кавадарчанец го загуби животот вчера откако со возилото „фолксваген голф“ удрил во банкината до коловозната лента. Како што соопшти МВР, несреќата се случила претпладне околу 11:15 часот на автопатот „Пријателство“ во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко.
-Патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде била констатирана смрт, велат од полицијата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.