Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На ова реагираа од владејачката СДСМ. Од СДСМ вели дека со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврделе дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи.
– Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши.
Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓаните кои можат да се сликаат а од друга страна драстично го пролонгира процесот. Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.
Решенијата за возачките и сообраќаните по предлог на СДСМ, но МВР задоцни со реализацијата.
Бидејќи се покажа дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку само ги компликува работите со личните документи денеска поднесува политички мотивирани кривични пријави.
Ова нема врска ниту со правото, ниту со процесот, ниту со интересот на граѓаните, велат од СДСМ.