Конечно, почнува реконструкцијата на Универзалната сала, за годинава обезбедени 120 милиони денари

По многу перипетии ќе продолжи реконструкцијата на култната скопска Универзална сала. Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека во тек е реконструкцијата сала. Како што рече, за оваа година се обезбедени вкупно 120 милиони денари, а предвидени се средства и за следните две години.

-Прва е Универзална сала, за која веќе броиме денови кога треба да ја отвориме, оти насушно ни треба. Се обезбеди повеќе годишно финансирање. Оваа година има 120 милиони денари, рече Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите.

Таа информираше дека за 2025 година се обезбедени 443 милиони денари и истата таа сума се предвидува и за во 2026 година.

-При преземањето на документите од Универзална сала не ни беше дадена целосната документација. Ние ја баравме преку Министерство за правда, преку државен правобранител. Токму затоа ништо таму до сега не можеше да се придвижи, додаде министерката.

Како што посочи, при преземањето на Универзалната сала од Министерството за култура се направи ревизија на проектот и се доби позитивно мислење со сите измени кои што беа вметнати. Изведувачот е истиот оној кој ја започна реконструкцијата.

Средствата во износ од 120 милиони денари за оваа година се дадени на Министерството за култура, на наменска сметка за Универзална сала, додека првата сума е вратена назад во централен буџет.

Првничните средства кои беа предвидени за реконструкција на Универзалната сала, како што додаде министерката, се вратени во буџетот на државата бидејќи се неискористени. Станува збор за 67 милиони денари.

Универзалната сала треба да биде готова за три години. Дали ќе биде така, ќе видиме.

Претходна вестБидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави, велат од СДСМ
Следна вестКовачевски: Ќе одиме со свој кандидат на претседателските избори