Времето денес сончево со северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од минус шест до два, а максималните ќе достигнат од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и претежно тивко време. Минималните температури ќе се спуштат до минус три, а максималните ќе достигнат до 13 степени.

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела. Од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Претходна вестПлатата на вработените не доцни, постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои, се огласи ЈСП
Следна вестНема штрајк, редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“ – вработените денес ќе ја добијат платата