Нема штрајк, редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“ – вработените денес ќе ја добијат платата

Најавениот штрајк е откажан. Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.

–Надминати се недоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обврска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави МИА Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да се занимаваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.

Според вчерашните најавите на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата.

Претходна вестВремето денес сончево со северен ветер
Следна вестШекеринска со одговор до Мицкоски: Ниту сум била, ниту ќе бидам претседателски кандидат