Албанија ги врати игрите на среќа.
Одлуката на албанскиот парламент е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, зголемување на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност.
– Уште еднаш се покажа дека непромислените одлуки за затворање на обложувалниците се само популистички и контрапродуктивни мерки затоа што обложувањето продолжува, но преку нерегулиран црн пазар. Тоа неминовно води до зголемување на стапката на криминал, а државата останува без милионите од даноците на легалните организатори на игри на среќа, пишуваат албанските медиуми.
Во Македонија проектот за забрана на игри на среќа го водеше ДУИ и го донесе до фаза на изгласување на измените во Законот за игри на среќа, но претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша указот за овој закон повикувајќи се токму на европските правила. Засега овие законски измени не се во сила.