Спасовски го впери прстот кон граѓаните: Секој еден имал можност од 1 јули да започне со промената на документите

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ја префрли вината за хаосот со личните документи на граѓаните, кои како што вели, имале можност навреме да започнат со замена. Тој не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред сè патните исправи.

– Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и акциски планови и управувачки комитет кој што управувал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година – изјави Спасовски на Телма.

– Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој еден граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднеле барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството – порача Спасовски.

Претходна вестТаравари: Ова е легитимниот конгрес на АА
Следна вестАлбанија ја укина забраната за приредување игри на среќа